Википедија:Селска чешма

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Вовед  · Почетен курс  · Помошна табела  · Вашата прва статија  · ЧПП  · Помош  · Начела и напатствија

Селска чешма (Village pump)  · Потребни статии  · Инкубатор  · Кандидати за избрана статија (Ревизија)  · ВикиПроекти  · Вики-средби  · Facebook icon.svg Facebook  · Twitter.svg Twitter

Одржување  · Администратори  · Потреба од администраторско внимание  · Прашања за авторски права

Селска чешма на Википедија
Централно место за дискусии, прашања и одговори

↓ Скокни до содржината ↓       ↓ Скокни до разговорите ↓
Отворете нова тема или прашање

За да оставите порака, кликнете на дадената врска подолу, но запомнете:

  • При дискусиите останете смирени, учтиви и културни. Претпоставете добронамерност;
  • Вандализмот бргу се отстранува;
  • Давајте описен наслов на вашиот нов коментар;
  • На крајот од пораката потпишете се со четири тилди (Еве вака: ~~~~). Ова автоматски ќе го потпише Вашето корисничко име и датумот и времето кога е оставена пораката (се потпишуваме на страници за разговор, но не на статии).
За што да ја користите оваа страница?
Кратенки:
ВП:СЧ

Оваа страница е наречена „селска чешма“ затоа што е место каде што читателите и уредувачите можат да се соберат и заедно да дискутираат за било што поврзано со Википедија.

Ве охрабуваме да почнете нов разговор доколку сакате:

  • Да добиете помош околу користењето на Википедија;
  • Да добиете помош околу уредувањето на Википедија;
  • Да дискутирате технички прашања, поврзани со МедијаВики софтверот;
  • Да ги дискутирате начелата и напатствијата;
  • Да дадете јавни известување и новости;
  • Да дадете предлози и сугестии;
  • Да оставите конструктивна критика за проектот;
  • Да поставите правописни и граматички прашања и ревизии;
  • Да добиете помош со преводи на поими и имиња од странски јазици;
  • Општо, за сè што е поврзано со Википедија и Википедијанците.

Доколку сакате да дискутирате за некоја статија, ве молиме почнете ја дискусијата на страницата за разговор на самата статија.

Ако барате администраторско внимание (за вандализам на страници, кршење на начела, лични напади и непристојност, уредувачки војни, заштита на страници или други технички работи), поставете го барањето на Википедија:Огласна табла за администратори.

Can't speak Macedonian? Other languages icon.svg

Visit our Village Pump for foreign languages or see the Macedonian Wikipedia Embassy.

File.svg Архиви


Содржина

[уреди] Карти на македонски

Известување за сите корисници кои користат карти низ статиите: пред да ставите некоја карта, побарајте на Ризницата дали ја има на македонски. Моментално на македонски имаме 358 svg карти (втори сме по Французите по број на векторски карти) или пак обични карти кои се помалу на број. Целта е да се користат македонски карти, бидејќи се забележува користење на англиски карти иако за истите има македонски еквиваленти. Поздрав--Никола Стоіаноски 13:16, 10 март 2012 (CET)

Благодарам за известувањето. Обично не уредувам статии за кои има потреба од карти, но досега сум се нашол во ситуација да имам потреба од карта на македнски јазик. Воедно ја поздравувам и работата во врска со преведувањето.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:49, 12 март 2012 (CET)

[уреди] Презентација на Викимедија проектите на УЈИЕ

Предавање одржано на 26 април 2012 година од страна на Викимедија Македонија пред студентите на УЈИЕ во Тетово за проектите на викимедија.
  • На 21 март 2012 година (среда) со почеток во 16.00 часот во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа (Штулов Универзитет), во Скопје, Викимедија Македонија ќе одржи презентација на Викимедија проектите пред студентите на факултетот за современи науки и технологии.--brest (разговор) 16:57, 20 март 2012 (CET)
Настанот успешно се одржа, повеќе информации за настанот може да се најдат на mk.wikimedia.org. --brest (разговор) 12:33, 22 март 2012 (CET)
  • На 26 април 2012 година (четврток) со почеток во 14.00 часот во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, се одржа предавање за Википедија и Проектот „Македонија на Википедија“. За време на овој настан, „Викимедија Македонија“ и Факултетот за современи науки и технологии потпишаа Меморандум за соработка со кој се утврдува рамката во која се реализира соработката за работи од заеднички интерес базирани на искористувањето на научно-стручните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови на една од двете страни насочени кон унапредувањето на едукативните, истражувачките и апликативните активности во областите од заеднички интерес. Повеќе информации за настанот може да се најдат на mk.wikimedia.org. --brest (разговор) 13:55, 27 април 2012 (CEST)
  • Како резултат на активностите опиашни погоре, во тек се два проекта, едниот на македонската википедија Википедија:ВикиПроект ЈИЕУ 2012 и другиот на албанската википедија sq:Wikipedia:WikiProjekt UEJL 2012. Доколку има некој друг википедијанец заинтересиран за вклучување во овие проекти слободно може да се приклучи. Поискусните википедијанци може да им бидат од помош на студентите со оглед на тоа што некои од нив за првпат се наоѓаат во улога на уредувачи на википедија.--brest (разговор) 12:44, 4 мај 2012 (CEST)

[уреди] Pending MediaWiki namespace changes

There is a request to change the names of MediaWiki namespaces for the Macedonian language. As this is a change that is hard to undo, we are looking for conformation from the community that this is what you want. The changes can be found in this "Gerrit document".

We are looking for an answer by April 5th. Thanks, Gmeijssen (разговор) 11:55, 25 март 2012 (CEST)

Seems fine. :D —iNkubusse A? 18:29, 27 март 2012 (CEST)
Umm... what's this all about? --Brainmachine (разговор) 13:16, 28 март 2012 (CEST)
Медија -> Медиум, basically... —iNkubusse A? 18:46, 28 март 2012 (CEST)

[уреди] ВикиНагради и годишно натпреварување

Дечки, со цел да го направиме уредувањето позабавно и да внесеме натпреварувачки дух, на претходната Вики-средба добивме идеја за доделување на ВикиНагради™ за одредени заслуги. Притоа, секоја ВикиНаграда ќе „вреди“ одреден број на вики-бодови. Така сите ќе учествуваме во еден натпревар, при што на крајот од годината ќе се соберат бодовите од сите учесници и ќе се прогласат, на пример, тројцата највредни Википедијанци за таа година. Викимедија Македонија тогаш ќе се заложи за обезбедување и доделување на физички награди на тројцата (или повеќе?) највредни уредувачи, нешто мало и симболично, како на пример книга. Напомена: на натпреварот нема да се придава сериозност, тој треба биде без напнатост и да има забавен карактер.

ВикиНаградите би биле најобични шаблони со сликички и би се давале, на пример: за придонес кон избрана статија (на пример, +3 бода), за ДСЗ-факт (+0,5 бода), за гласање за избрана статија (+0,1), учество во неделно вики-чистење (+3 бода). Ова се само примери, треба точно да се утврди што и како. На крајот од годината, одредена комисија ќе биде задолжена да ги собере сите овие бодови и да ги прогласи „највредните“.

Дали ви се допаѓа идејата? Ако ја реализираме, имате ли некои забелешки или идеи? Сугестии за тоа кои активности да се наградуваат и колку да вредат исто така се добредојдени. Поздрав, Brainmachine (разговор) 21:54, 29 март 2012 (CEST)

[уреди] Во врска со уредуванје на текстови

Дали може да ги преведувам веќе направените соджини од англиски, германски... на македонски ( сакам да придонесам да има повеќе текстови на македонски да не користиме речници за да ги преведиме ) ? Nenad247 (разговор) 23:20, 29 март 2012 (CEST)

Нормално дека можете Nenad247, една од основните работи на Википедија е зголемување на содржините на статиите на Википедија на македонски јазик. Поздрав--Тиверополник (разговор) 23:33, 29 март 2012 (CEST)

[уреди] ВикиПроект Одржување (ВП:ОД)

Здраво! Јас ја собрав работата која што треба рутински да се врши за одржување на Википедија и ја поделив во 1)секојдневни, 2)неделни и 3)долгорочни задачи. На ВП:ОД има детален алгоритам којшто секој може да го следи ако сака да се приклучи во работата. Целта ми беше да воведам систематски начин на одржување кој ќе ни помогне правилно да ја фокусираме работата. Овде има врски до страници кои помагаат во одржувањето, плус некои корисни шаблони.

Исто така, за поискусните корисници, го создадов овој многу корисен шаблон: {{Вики-Одржување}} кој ги има собрано сите задачи, врски и шаблони на кратко. Тој шаблон можете да го ставите на вашите кориснички страници или во корисничкиот простор за редовно да имате пристап до овие задачи (видете ја документацијата на шаблонот за параметрите).

Поздрав, и се надевам дека ова ќе ни користи и дека ќе ја олесни работата. --Brainmachine (разговор) 16:04, 1 април 2012 (CEST)

[уреди] Потребни статии

Имаме список на статии коишто секоја википедија би требало да ги има (преземен од Мета), дополнет со статии коишто сметаме дека се особено битни за Македонската Википедија. Ни треба список на статии коишто секоја википедија би требало да ги има, а се од особена важност за Македонија. Ваков список беше побаран пред некој ден од колегите википедијанци од Украина. Ве поканувам да го создадеме тој список.--brest (разговор) 06:13, 3 април 2012 (CEST)

Го дополнив списокот, ама не ми се викифицирани насловите. Не можев да ја најдам таа алатката на интернет. --Brainmachine (разговор) 19:13, 3 април 2012 (CEST)

[уреди] Список на статии по историја

Почитувани корисници, би сакал да ве известам дека пред повеќе од еден месец беше одржана обука за студенти по историја, кои се заинтересирани да уредуваат статии од историјата на Википедија на македонски јазик. За таа цел, наша задача ќе биде да составиме список на потребни статии и статии кои треба да се прошират од најстаро време до денес и истиот да им се достави на студентите, кои така би имале предвид што треба да се уредува и со тоа би се спречило создаавњето на статии со неенциклопедиски наслови. Предлагам ова да се направи во рамките на ВикиПроектот Историја, кој би можел одлично да послужи за оваа намена. Благодарам.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:24, 4 мај 2012 (CEST)

И јас мислам дека списокот на статии треба а биде составен дел на ВикиПроектот Историја. Можеби може да се искористи и искуството на сличните проекти со студентите од ФИНКИ и УЈИЕ.--brest (разговор) 12:35, 4 мај 2012 (CEST)

Јас моментално работам на слично нешто, но за теми од здравјето/медицината. Инаку, мислам дека тоа е најголемата корист од ВикиПроектите: ако нема луѓе за ангажман, барем јасно да биде што треба да се работи и што може да се користи (шаблони и слично). --Brainmachine (разговор) 19:07, 4 мај 2012 (CEST)

Ќе се оди општо на историја, или да се удри прво по македонската???--Р ашоAero-stub img.svg 19:26, 4 мај 2012 (CEST)
Интерес имаше општо за историјата, така што мислам дека добро би било освен македонската да биде опфатена и светската историја. Поважно е списокот да биде поделен хронолошки, од најстаро до најново време. Мој предлог е историските периоди да бидат поделени по региони или држави од тоа време и на тој начин да се составуваат помали списоци.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:43, 4 мај 2012 (CEST)
Се согласувам, но сметам дека најдобро би било да се пишува попрво за Македонија во праисторијата. За неолитот во Македонија немаме многу, ни требаат статии од културите што биле присутни тука, античките градови, племиња и сл. Оскудни сме е со статии од предсамоиловите државни формации и сл.--Р ашоAero-stub img.svg 18:01, 5 мај 2012 (CEST)

[уреди] Лична страница

Би сакал да направам лична страница па сакав да знам дали постои шаблон за тоа. Нов сум овде па би замолил за помош. —Претходниот непотпишан коментар е додаден од Миленко (разговорпридонеси) 20:07, 8 мај 2012‎

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици

Polecamy: Pozycjonowanie, wózki dziecięce, Kino domowe, Viagra, Kredyty