|
Избрана статија за оваа седмица
|
Ли Куан Ју (роден во 1923) е сингапурски државник. Неговото официјално име е Хари Ли Куан Ју, меѓутоа тој претпочита да го користи името Ли Куан Ју. Тој бил првиот премиер на Сингапур, а со него владеел три децении. Во моментот кога решил да се повлече од власт, имал најдолг стаж во светот како премиерот.
Тој е еден од основачите и прв генерален секретар на Народната акциона партија, која ја предводел низ осум победи (1959-1990), ги надгледувал отцепувањето на Сингапур од Малезија во 1965 и трансформацијата на Сингапур, од релативно неразвиени колонија, во еден од азискиските економски тигри. Тој е еден од највлијателните политички фигури во Југоисточна Азија. Во 1990 година, од страна на вториот сингапурски премиер Го Чок Тонг, бил поставен за сениор министер. Во 2004 година, неговиот син Ли Сјен Лунг станал третиот премиер на Сингапур, а својот татко го поставил за свој советник како министер ментор.
Неговото владеење, преку неколку последователни министерски места во текот на 50 години, е едно од најдогогодишните во историјата. На 14 мај 2011 година, Ли Куан Ју и Го Чок Тонг го најавиле своето повлекување од кабинетот по општите избори од 2011 година. (Дознај повеќе...)
|
|
На денешен ден…
|
Денес е 17 мај 2012 г.
Настани:
Родени:
| 1749 |
Едвард Џенер, пронаоѓач на вакцината против големи сипаници. |
| 1836 |
Вилхелм Штајниц, австриски шахист. |
| 1886 |
Алфонсо XIII, шпански крал. |
| 1904 |
Жан Габен, француски филмски и театарски артист. |
| 1924 |
Митко Илиевски, еден од основоположниците на Катедрата по философија на Филозофскиот факултет во Скопје. |
| 1931 |
Георги Христов, македонски писател од Бугарија. |
| 1939 |
Александар Смилевски, македонски архитект. |
| 1940 |
Рејнатo Пуно, Врховен судија на Филипините. |
| 1947 |
Никола Донев, југословенски и македонски одбојкар. |
| 1962 |
Неждет Мустафа, македонски политичар. |
| 1969 |
Кристина Николовска, македонски поет. |
| 1984 |
Игор Денисов, руски фудбалер. |
| 1987 |
Едвалд Боасон Хаген, норвешки велосипедист. |
Починале:
|
|
|
|
Други области
|
- Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
- Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
- На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на над 250 други јазици.
|
|